Владата денеска на седница се очекува да го разгледа и усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Премиерот Христијан Мицкоски претходно истакна дека Владата може да ја започне процедурата, но дека не може сама да го разреши, бидејќи треба да се добие мислење од Советот на јавни обвинители во рок од 15 дена.
Процесот може да потрае неколку недели па дури и месеци. Министерството за правда го изготви предлогот за разрешување со образложение дека обвинителството се соочува со нарушена функционалност а обвини и за незаконски постапувања и корупција.
Коцевски ги демантира ваквите обвиненија и најави дека ќе се повлече доколку се докаже дисциплинска повреда.











