Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Битола откриен арсенал артилериски гранати од првата светска војна

/

пред 604 дена

Сподели преку :

При изведување на градежни работи во Битола пронајдени 206 артилериски гранати од Првата светска војна. Арсеналот бил пронајден во текот на вчерашниот ден а околу пладне случајот бил пријавен во СВР Битола.

Во пријавата се вели дека при изведување на градежни работи биле пронајдени 206 артилериски гранати калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна.

Од МВР соопштуваат дека гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.