Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предлогот за разрешување на Коцевски мина на Влада – направил крупни професионални грешки

/

пред 604 дена

Сподели преку :

Предлогот за разрeшеување на државниот обвинител Љупчо Коцевски мина на денешната седница на влада, потврдија од таму.

Согласно законот за јавно обвинителство, постапката за смена на Коцевски продолжува пред советот на јавни обвинители кој во рок од 15 дена треба да дадат мислење.

Но, власта веќе се изјасни дека и со негативно мислење од Советот постапката ќе прoдолжи.

Последниот збор го имаат пратениците и можaт да го разрешат со 61 глас. Коцевски веќе се изјасни дека работел законски и не сторил крупна професионална грешка, основ предвиден во законот за да биде разрешен. Власта и опозицијата и денеска ги судрија аргументите за правосудството.