Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски подготвен во министерството за правда ја доби поддршката од владата да го продолжи патотот испишан во законот за јавно обвинителство. Постапката сега се сели во Советот на јавни обвинители кој во рок од 15 дена треба да даде мислење позитивно или негативно. Премиерот попладнево не откри конкретно кoи причини се наведени во предлогот за смена на државниот обвинител. Вели ќе се дискутираат во Собранието. Постапката ќе оди пред пратениците и со негативно мислење од Советот.
Владата претходно најави дека ќе бара разрешување, без основа на законскиот основ дека направил крупна професионална грешка. Во мислењето од Правда му се припишува одговорност за нарушен углед, функционалност, ефикасност на обвинителството за незаконско постапување, судир на интерес и корупција, како и повреда на самостојноста на обвинителите.
Коцевски најави дека детално ќе се произнесе, откако ќе го прочита предлогот за негова смена, но тврдеше дела работел законски и не сторил крупна професионална грешка. Последниот збор го имаат пратениците и можaт да го разрешат со 61 глас. СДСМ смета дека власта врши партизација.
Паралено тече и постапката за интерпелација на петте члена од Судски кои ги бира Собранието. На веб страницата на законодавниот дом денескa се објавени нивните одговори на интерпелациите. Како што објави Телма минатата недела, меѓу аргументите и поентите се тоа дека интерпелацијата е инструмент за политичка контрола и во случајов не може да се промени на членовите на Судски, дека ќе биде преседан и ќе значи притисок врз судската власт.
Дополнително посочиле дека одговорноста не треба да биде колектвина, а интерпелацииите се општи и отсуствува индивидуализација на пропустите. Напишале и дека работеле професионално и чесно, а дел од нив се произнеле и дека не чувствуваат одговорност за досегашната работа во советот. Интерпелацијата не значи разрешување, но власта се надева дека ќе си поднесат оставка откако интерпелацијата ќе мине во собранието.
Елена Ивановска Мукоска











