Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не почнува трговска војна со ЕУ

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека го убедил својот американски колега Доналд Трамп да не започнува трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.

„Не можете истовремено да водите трговска војна и со Кина и со Европа. Се надевам дека Трамп го разбира тоа“, изјави Макрон за „Фокс њуз“ по средбата со американскиот претседател во Вашингтон, пренесува Политико.

Макрон нагласи дека за Вашингтон „приоритет е воведувањето царини за Кина“ и дека истовремена економска конфронтација со Европа не е во интерес на САД.

Тој додаде дека му објаснил на Трамп дека европскиот систем на ДДВ не претставува царина и дека ЕУ никогаш не вовела царини на увозот од САД. Според него, евентуална трговска војна би го загрозила и зголемувањето на воените трошоци на европските земји, што е еден од клучните барања на Трамп.

Францускиот претседател ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата средба со Трамп на утрешната средба.