Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го очекува Зеленски в петок до дојде во Белата куќа за потпишување на договорот за минерали

/

пред 600 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок може да ги посети САД за да го потпише важниот договор за минералите .

Слушам дека тој (Зеленски) доаѓа в петок. Секако, мене ми е во ред доколку тој тоа го сака. И тој би сакал тоа да го потпише заедно со мене. И разбирам дека е тоа голема работа, многу голема работа, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Според информациите од медиумите, Киев и Вашингтон во текот на вчерашниот ден постигнале договор откако САД се откажале од барањето да го добијат целиот приход од екстракцијата на ретките минерали во Украина, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари.

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина вчера за Укринформ изјави дека преговорите меѓу украинскиот и американскиот тим се во завршна фаза и дека се договорени речиси сите клучни детали од договорот за минерали.

Зеленски нагласи дека договорот мора да содржи јасни безбедносни гаранции на САД и посочи дека Украина сака да биде рамноправен партнер, а не должник.