Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)„Трамп Газа број еден“: Урнатини од војна сега заменети со гламур и екстраваганција – генерирано видео со ВИ објавено од Трамп

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Некогашните урнатини и остатоци од војната сега заменети со гламур и екстраваганција. Луксузни јахти, скапи автомобили, златни хотели со натпис “Трамп Газа“ и деца кои собираат долари  е прикажано на видеото кој американскиот претседател Доналд Трамп го објави на својата социјална мрежа „Truthsocial“.

Видеото е генерирано со вештачка интелигенција, а покажува како би изгледала Газа, откако ќе биде претворена во ривиера. На генерираното видео може да се забележат деца кои држат балони со ликот на Трамп, сувенири во продавници од неговиот лик, а и голема статуа обложена со злато на една од улиците, со музика во позадина  „Златна иднина на целосно нов живот“ проследено со „Трамп Газа број еден“.

Ниту Илон Маск не беше испуштен во видеото на кое делеше пари на деца и уживаше во вкусна храна. Додека највпечатлив дел од видеото е крајот каде Трамп и израелскиот претседател Нетанјаху лежат на лежалки на базен и уживаат во коктели, претпоставувајќи во резортот „Трамп Газа“.

Под видеото имаше бројни реакции на следбениците на Трамп кои пишуваат „Се надевам дека профилот е хакиран, бидејќи ова е навистина страшно“, „Ве поддржувам Трамп, но ова е 100% погрешно, „Дали е ова навистина? Ова не е за што гласавме!!!!! Ова видео е ЗЛО!!!!“.

Ривиера на Блискиот Исток – Трамп предлага САД да го преземат и реконструираат Појасот Газа