Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо) Ристески во Топ Тема: Се уште сме на ставот дека Русија е агресор

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Ги менува ли Македонија стратешките правци во надворешната политика.

Зошто власта се премисли па наместо украинско-европската, ја поддржа американската резолуција во Генералното Собрание на ОН? Дипломатска тактика или избрзан потег?
Кој е „аматер“, а кој „љубоморен“?

Во Топ Тема вечерва дебата со: Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ и
Петар Ристески, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

  • Направени се опсежни анализи за она што е стратешки интерес на РМ темелна анализа на светските политички движења како во МНР така и со премиерот и е одлучено да се биде ко-спонзор на резолуцијата на САД во ОН, истакна Петар Ристески, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

Украинско – европската резолуција е поднесена на само неколку дена пред онаа САД.

„Не станува збор за аматеризам“, дециден е Ристески, според него Македонија како сериозна држава направиле претходна анализа и донеле одлука заедно со стратешкиот партнер да бидеме ко- спонзор на резолуцијата на САД.

Гледаме дека новата администрација се залага за брз мир во Украина, а на Македонија секогаш и биле најважни мирот и стабилноста.

Тој потсети дека земјава е стратешки партнер на САД од 2008 година, а ова еден вид на дипломатска инвестиција.

Ристески истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и како опозиција во Собранието на РМ ја поддржала декларацијата заедно со сите политички партии за поддршка на Украина.

„Се уште сме на ставот за обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Украина и дека Русија е агресор“, рече во вечерашната Топ Тема, пратеникот Ристески.

Топ Тема е во тек, може да ја гледате на нашиот Фејсбук профил