Од партијата Твоја, реагираат на изјавата на министерката за правда, Рената Дескоска, дека граѓаните треба да гласаат само за партија која може да победи. Велат дека, ваквите изјави го поткопуваат плурализмот во Македонија, особено кога ги даваат лица кои се претставуваат како борци за правда и за граѓански права.











