Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стармер на средба со Трамп – како да се стави крај на руската војна во Украина

/

пред 599 дена

Сподели преку :

Британскиот премиер од синоќа е веќе во Вашингтон, на приемот во амбасадата во пријатна атмосфера со мала шега околу урамнотежените трговски односи меѓу двете држави како најава на средбата во Белата куќа со американскиот претседател. Стармер рече дека Трамп е човек кој едни го сакаат, а други го мразат. За Британија е потребно „ново партнерство“ со САД.

„САД и Обединетото Кралство, во основа споделуваме сè заедно. Делиме луѓе, споделуваме култури, споделуваме многу знаења, споделуваме технологии и исто така споделуваме дел од борбите на нашите противници. И, се разбира, една работа за која не треба да се бориме е трговијата, бидејќи ја имаме оваа фантастично фер и урамнотежена трговска врска кога ќе ја возвратиме за неколку недели“ рече Лорд Питер Менделсон.

„Навистина е фантастично да ја имам оваа прилика да поминам малку време со тебе, а штотуку пристигнав, но веќе чувствувам вистинска врева во Вашингтон околу ова. Можеш да почувствуваш дека има нов лидер во градот дека е навистина посебен, пионер во бизнисот и политиката. Многу луѓе го сакаат, други ги мразат. Но тука е Питер. И Питер е вистинската личност која ќе ни помогне да работиме со претседателот Трамп и да воспоставиме посебна врска меѓу две јаки стани“ изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.

Стармер доаѓа во САД, само неколку дека по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон, поради  се поголемата загриженост кај дел од Европа дека агресивниот притисок на Трамп да најде крај на руската војна во Украина ја сигнализира неговата подготвеност да му отстапи премногу на рускиот претседател Владимир Путин. Стармер ќе се обиде да го убеди Трамп дека траен мир во Украина ќе опстои само доколку Киев и европските лидери се на маса додека напредуваат преговорите со Москва.

„Разбираме дека не се сите задоволни од обновувањето на руско-американските односи. Некои западни елити се уште се решени да ја одржат нестабилноста во светот и овие сили ќе се обидат да го нарушат или компромитираат дијалогот што започна. Го гледаме ова. Мораме тоа да го земеме во предвид и да ги искористиме сите дипломатски можности и специјални служби за да ги спречиме таквите обиди“ изјави Владимир Путин, руски претседател.

Трамп се надева дека наскоро ќе разговара лице в лице со Путин. Од својот кабинет веќе најави дека Европа е таа која треба да и даде безбедносни гаранции на Украина, иако украинскиот претседател Зеленски изјави дека рамката на економскиот договор со Соединетите Држави е подготвена, но тој сè уште не нуди безбедносни гаранции.

  • Новинар: „Господине претседателе, за Украина, би можеле ли да зборувате малку за тоа какви безбедносни гаранции сте спремни да дадете?“
  • „Па, нема да давам безбедносни гаранции подалеку, многу. Ќе ја натераме Европа да го направи тоа затоа што зборуваме, Европа е нивниот сосед од соседството, но ќе се погрижиме сè да биде добро“ одговори Доналд Трамп, американски претседател. 

Руска делегација денеска веќе пристигна во резиденцијата на генералниот конзул на САД во Истанбул на разговори со американски дипломати. Шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека дипломатите од Русија и САД ќе разговараат за работата на нивните амбасади во Москва и Вашингтон.

Ова е прва ваква средба по онаа минатата недела во Саудиска Арабија, на која беа истакнати напорите на САД да не се изолира Русија поради нејзината војна во Украина. Москва и Вашингтон се согласија да работат на завршување на војната и подобрување на нивните дипломатски и економски врски, кои беа погодени од меѓусебните протерувања на голем број дипломати и други ограничувања.

Билјана Ставрова