Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија се нуди да прибира и да третира отпад од Европската Унија

/

пред 595 дена

Сподели преку :

Европската унија (ЕУ) усвоила нова регулатива за справување со отпадот, а Македонија се пријавува да помогне. Земјава сега е во друштво на 23 други земји кои ја информирале Унијата дека сакаат да прифатат отпадни материјали, објави „Дојче веле“.

Од регионот, заинтересирани за увоз се уште и Србија и Босна и Херцеговина. И тие, исто така, не се дел од Организацијата за економска соработка и развој.

Сега на потег е ЕУ, која ќе одлучува дали земјата има капацитет да управува со ваквиот тип на отпад, на еколошки здрав начин.

„Извозот на неопасен отпад познат како отпад од „зелена листа“, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Исклучок од ова правило би биле земјите кои имаат капацитети што ги исполнуваат условите за заштита на животната средина, за преработка на овој отпад“, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Целта е да се спречи илегален извоз на отпад од земјите членки на ЕУ во трети земји и наместо тоа, да се третира отпадот така што нема да се наштети на животната средина.

Според еко-активистите во земјава, причините зошто Македонија пројавила интерес да увезува отпад од ЕУ се разбирливи, најмногу поради индустриската намена. Но, штетите коишто може да настанат се другата страна на целата приказна.

Новата европска регулатива стапува на сила за две години, односно во мај 2027 година.

Петар Догов