Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ниту мигранти, ниту кокаин и хероин – oд полиција бегале со два тонa замрзнати пилешки гради и копани

/

пред 602 дена

Сподели преку :

Ниту мигранти, ниту кокаин и хероин. Од полицијата бегале со два тонa замрзнати пилешки гради и копани. Пазарот на црно од поодмана, освен со недозволиви супстанци, тргува и со храна. Месото е најбарана стока, претежно замрзнато. Па, така поучени и со претходни информации, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство тргнале во лов на замрзнато месо, од Полска во товарно комбе кое се движи накај косовската граница по црни патишта.

„Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на одмрзнување поради несоодветните услови во транспортното возило, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо од минус 18 степени целзиусови и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно-здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Месото падна во раце на инспекторите и место во рерните на граѓаните, ќе се уништува во индустриските печки. Но, инспекторите за храна поуспешни во ловот од инспекторите. По следнава планинска рута, во минатото се прелеваа униформирани терористи, оружје на магариња, дрога и други добра и стоки.

„Од МВР, пак, информираа дека возилото било запрено во близина на с. Танушевци, скопско, од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Танушевци“. Комбето било со косовски национални ознаки и се движело кон границата со Kосово. Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле возилото и се дале во бегство кон границата со Косово“, се наведува во инфорамцијата од МВР.

Што плаќаме во маркетите знаеме, но што јадеме безмалку секоја седмица нè потсетува Агенцијата за храна и ветеринарство која не пропушта во секоја акција да заплени храна со поминат рок, несоодветно чувана или да се приготвува во објекти изложени на зарази. Од таква палета и децата вкусија пакетчиња пред Нова година. Казните се прекршочни и никој засега не оди во затвор што тргува, нуди и служи храна со сомнителен квалитет.

Павле Беловски