Премиерот Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Турција. Тој ќе оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво меѓу двете влади.
Целта на основање на Советот е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.











