Околу шест исламски верници загинаа во експлозија на бомба за време на традиционалната петочна молитва пред исламско училиште во северозападен Пакистан, област каде што се активни талибанците, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од полицијата.
Меѓу убиените е и директорот на верско училиште, мула Хамид ул Хак – син на мула Сами ул Хак, кој се смета за „татко“ на талибанското движење.
Неколку лица се повредени. Според полицијата, се работи за самоубиствен бомбашки напад.
„Форензичарите се на местото на злосторството и првичните резултати укажуваат на самоубиствен напад“, изјави Абдул Рашид од локалната полициска станица.











