Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хитер најбрза на спустот во Квитфјел (ВИДЕО)

/

пред 583 дена

Сподели преку :

Корнелија Хитер славеше на спуст трката во норвешкиот ски-центар Квитфјел во рамки на Светскиот Куп во алпско скијање.

Скијачката од Австрија до деветтата победа во кариерата во Светскиот куп, а четврта во спуст дојде со време од 1 минута, 31 секунда и 46 стотинки. Зад неа финишираше Германката Ема Аихер со 15 стотинки послабо време, за кого ова беше прв подиум во кариерата, додека третото место и припадна на Бризи Џонсон од САД.

Двете Италијанки кои денеска за малку завршија надвор од првите три, Федерика Брињоне и Софија Гоџа водат во спуст со 334, односно 310 бодови, додека денешната победничка Хитер е трета со 308 бодови.

Во генералниот поредок повторно прва е Брињоне со 1.044 бодови, додека Лара Гут Бехрами е втора со 213 бодови помалку.

Утре во норвешкиот ски-центар скијачките повторно ќе се натпреваруваат во спуст, а во недела на програмата е трката во супер велеслалом.