Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Панама и Костарика примија стотици мигранти депортирани од САД

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Властите од Панама и Костарика се соочуваат со нов бран на мигранти кои се депортирани од САД. Двете земји примија околу стотици мигранти откако истите беа депортирани по новата одлука на претседателот на САД Доналд Трамп.

Карлос Руиз-Ернандез, заменик-министер за надворешни работи на Панама, во четвртокот изјави дека мал број мигранти се во контакт со меѓународните организации и Агенцијата на ОН за бегалци.

  • „Никој од нив не сака да остане во Панама. Тие сакаат да одат во САД. Не можеме да им дадеме зелени картони, но можеме да ги вратиме дома и да им обезбедиме медицинска и психолошка поддршка, како и домување“, рече тој.

Панама и Костарика забрануваат новинарите да влегуваат во објектите каде двете земји ги чуваат мигрираните.

  • „Панама не може да стане црна дупка за депортираните мигранти“, рече Хуан Папиер, заменик директор на HRW (Human Rights Watch) во Америка.
  • „Мигрантите имаат право да комуницираат со своите семејства, да бараат адвокати и Панама мора да гарантира транспарентност на ситуацијата во која се наоѓаат“, рече тој.

Костарика се соочува со слични критики за неспремноста да обезбеди неопходни услови за депортираните.

Од канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека на мигрантите им се одземени пасошите и другите документи, а тие не биле информирани што се случува и каде одат