Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара оставка од Кочовска, министерката нема намера да ја поднесе

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Оставка од министерката за финансии,  законски измени или кодекс што ќе го санкционира дискриминаторскиот однос во институциите, особено од високи функционери, како и итна седница на комисијата за дискриминација.

Ова се барањата кои Социјалдемократите ги испорачаа денеска од пред Министерството за финансии, по вчерашните вербални препукувања во Собранието меѓу Кочовска и нивната пратеничка, Славјанка Петровска.

За Кочовска, пак, оваа тема е затворена. Нема намера да си замине од функцијата.

Кочовска тврди дека и самата, со месеци  е предмет на лажни објави по социјалните мрежи, но не ѝ паднало на памет да се жали.

Инцидентот се случи на вчерашната седница за пратенички прашања, откако Петровска ѝ сугерираше на министерката да направи подобра пресметка по нејзината изјава дека е нелогично четиричлено семејство да потроши 13 литри млеко месечно или да се купува грашок од конзерва, кога замрзнатиот е поевтин.

Дуелот подоцна продолжи и по социјалните мрежи, а следеа и бројни реакции на граѓаните. Петровска најави дека и самата ќе поднесе претставка до Комисијата за дискриминација.

Далиборка Демјанска Цветановска