Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската војска изврши напад во Сирија и уби висок воен лидер на огранок на Ал Каеда

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека извршила прецизен воздушен напад во Сирија и го убила Мухамед Јусуф Зија Талај, висок воен лидер на „Хурас ал-Дин“ (ХаД), огранок на Ал Каеда.

„Како што кажавме во минатото, ќе продолжиме немилосрдно да ги гониме овие терористи за да ја браниме нашата татковина и американскиот, сојузничкиот и партнерскиот персонал во регионот“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, командант на ЦЕНТКОМ.

„Хурас ал-Дин“, што се преведува како Организација на чуварите на верата, исто така наречена Ал Каеда во Сирија, како салафистичка џихадистичка организација учествувала во сириската граѓанска војна.