Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски го покани во Украина додека траеше кавгата во Белата куќа, но тој замина на скијање во Вермонт каде ЏД Венс беше пречекан со протести и украински знамиња

/

пред 597 дена

Сподели преку :

(ФОТО ФБ профил на Џоан Гринфилд)  Американскиот потпретседател ЏД Венс мораше од безбедносни причини да биде засолнет на непозната сигурна локација по одлука на тајната служба на САД, откако стотици жители на Вермонт го пречекаа со украински знамиња и протести додека тој со семејството патуваше на скијање во оваа американска држава.

Венс беше дел од жешката расправа во Белата куќа како поткрепа на претседателот на САД Доналд Трамп во вербалниот дуел со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

За време на расправата Венс викаше дека Украина има големи проблеми со број на војници и со уништената инфраструктура, Зеленски го праша кога бил во Украина за да ги види проблемите и го покани “дојдете еднаш”.

Нп, Венс по состанокот тргна на семеен одмор во скијалиште во североисточниот дел на САД, во државата Вермонт. Таму жителите го пречекаа во голем број покрај патиштата по кои се движеше конвојот на американскиот потпретседател.

Како критика за неговиот однос кон Зеленски, демонстрантите носеа сино-жолти украински знамиња. Поради протестите, одморот привремено го запре тајната служба која се грижи за безбедноста на Венс.

Венс е меѓу најголемите републикански критичари на помошта која САД ја издвојуваше за Украина, но силно во Сенатот ја критикуваше и надворешната и одбранбената политика на Украина.

Вермонт пак е меѓу најмалите држави во САД, се наоѓа во североисточниот дел и има граница со Канада. Важи за една од најпрогресивните држави, а станува збор за претежно земјоделска држава. Главниот град на Вермонт се вика Монпелие (по истоимениот град во Франција) и има нешто повеќе од 8 илјади жители. Македонија повеќе од три децении соработува со Вермонт откако Армијата на Македонија почна блиска партнерска соработка со Националната гарда на Вермонт (дел пд американските воени сили).