Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гунба избран за нов претседател на Абхазија

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Бадра Гунба со освоени 54,73 отсто од гласовите победи на вчерашните претседателските избори во Абхазија, држава признаена само од Русија.

За противкандидатот на Гунба, поранешниот министер за економија Адгур Арѕинба гласале 41,54 проценти од граѓаните.

Претседателот на Русија, Владимир Путин му ја честиташе победата на Гунба.

Претседателските избори во Абхазија беа организирани откако во ноември планираното потпишување на договор за инвестирање со Русија предизвика масовни протести против тогашниот претседател Аслан Бжанија, кој поднесе оставка.

Абхазија, која политички, воено и економски е многу зависна од Москва, по граѓанската војна во 1992 година еднострано прогласи независност од Грузија.

Во 2008 година, по војната помеѓу Грузија и Русија за регионот на Јужна Осетија, кој потоа исто така се отцепи од Тбилиси, Москва го призна суверенитетот на Абхазија и Јужна Осетија.