Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина актерот Самоил Стојановски

/

пред 581 дена

Сподели преку :

На 54- годишна возраст, по кратко боледување почина Самоил Стојановски, актер од Народниот театар „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес. Веста за неговото прерано заминување од сцената наречена живот , ја споделија од Велешкиот театар, каде Стојановски го помина работниот век , полни 22 години.

На неговата матична сцена Самоил Стојановски играше во претстави од различни жанрови, од класичната и од современата светска и домашна драматургија. Меѓу нив се : „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „ММЕ кој прв почна“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Синиот портокал“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“.

Играше и во телевизиски и филмски проекти : „Трст виа Скопје“ , „Погрешно време“, „Крчма на патот кон Европа“, „Ова не е американски филм“, „Ослободување на Скопје“, „Преспав“  „Македонски народни приказни“, „Црвениот поет“ и други.

Неговата посветеност и топлина што ги споделуваше со сите што го познаваа, ќе останат засекогаш во сеќавањата, се вели во соопштението од Велешкиот театар.

А, од Синдикатот за култура на Македонија се простија од Стојановски, опишувајќи го како синдикалец, секогаш на страната на работникот, бескомпромисно залагајќи се за достоинство и правичност на културните дејци,

Датумот и местото на погребот на Самоил Стојановски, дополнително ќе бидат објавени.