Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената што ја дале македонските граѓани за членство во ЕУ е толку голема, што не може да се утврди – Мицкоски по средбата со Орбан

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Стратешката цел на Македонија е да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а цената која ја дале македонските граѓани е толку голема што не може да се утврди, порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Притоа Мицкоски изрази надеж дека процесот ќе биде откочен и наскоро ги започнеме преговорите за членство во европското семејство. Орбан оцени дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер и срамен.