Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не одговара на реалноста – Белата куќа со критики за планот на арапските земји за обнова на Газа

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Белата куќа соопшти дека планот за обнова на Појасот Газа, усвоен вчера од арапските држави на самитот во Каиро, не одговара на актуелната состојба, според која „Газа во моментов не е погодна за живеење“.

Сличен став изрази и Израел, чиј министер за надворешни работи синоќа оцени дека резолуцијата на Арапската лига „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Белата куќа нагласи дека претседателот Доналд Трамп останува при ставот дека идната реконструкција на Појасот Газа мора да биде „ослободена од Хамас“.