Пред зградата на Собранието на Град Белград претпладнево изби масовна тепачка меѓу граѓани и припадници на обезбедувањето. До инцидентот дојде кога насобраните се обидоа да ја отстранат заштитната ограда, по што обезбедувањето ја прескокна заштитната ограда и физички ги нападна граѓаните. Ситуацијата во еден момент ескалира во сериозна пресметка.
Како што се гледа на видео снимката, дел од припадниците за обезбедување почнаа да ги удираат демонстрантите, на што тие возвратија. Инцидентот заврши со повлекување на обезбедувањето во кругот на зградата.
Privatni Šapićevo obezbedjenje tuče građane ispred skupštine grada Beograda!!! pic.twitter.com/Ib2we9kh7u
— Miloš Vučković (@Zvezdarko) March 6, 2025
Во собранието на Град Скопје денеска се одржува седница на која советниците расправаат за повеќе предлози, меѓу кои и за ребаланс на буџетите на градските комунални претпријатија, како и планови за урбанистичка регулација.
Граѓанската иницијатива „Мостот останува“ апелира до граѓаните и претставници на опозицијата да ја блокираат седницата, тврдејќи дека единствени легитимни точки на дневниот ред требало да бидат поддршка на студентските протести и Мораториум за нетранспарентни градежни проекти.











