Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Историски успех на Трајковски, прво финале на ЕП во сала

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Андреас Трајковски успеа да се пласира во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала што се одржува во Апелдорн.

Најдобриот македонски атлетичар во квалификациите забележа далечина од 7 метри и 85 сантиметри што е нов државен рекорд и најдобро постигнување во неговата кариера.

Нашиот репрезентативец го забележа најдобриот резултат во историјата на македонската атлетика и тој е првиот кој успеал да се пласира во финале на едно големо натпреварување.

Трајковски во трите обиди имаше одлични резултати. Во првата серија прескокна 7 метри и 51 сантиметар, потоа во втората забележа резултат од 7,77 метри и во третата стигна до најдобриот резултат и пласманот во големото финале.

Најдобар во квалификациите беше Жерсон Балде од Португалија со 8 метри и 11 сантимети, Шпанецот, Хаиме Гера прескокна 8,07 метри додека трет е Бугаринот, Божидар Сарабојуков со 8,05 метри.

Најголемиот фаворит за златото, Матија Фурлани од Италија заврши како петти со скок од 7 метри и 95 сантимети.

ФОТО: Игор Паневски