Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Австралија тинејџер со пушка се качи во авион, поранешен боксер ја реши ситуацијата

/

пред 587 дена

Сподели преку :

17-годишно момче со наполнета пушка се качило во авион на австралискиот аеродром пред да биде задржано од пилот и двајца патници. Момчето било разоружано и приведено од страна на патници меѓу кои и поранешен боксер, пред полицијата да пристигне на местото на аеродромот Авалон во државата Викторија.

Началникот на полицијата, Мајкл Рид, им кажа на новинарите дека момчето од Баларат во регионалната Викторија се качило низ дупка во безбедносната ограда на аеродромот пред да се упати кон скалите на авионот.

„Тинејџерот бил совладан од најмалку тројца патниците, а набргу потоа пристигнала полиција и го привела лицето. Без сомнение, ова ќе беше многу застрашувачки инцидент за патниците на тој авион и полицијата на Викторија навистина ја пофалува храброста на оние патници кои успеаја да го совладаат“ началник Мајкл Рид, полиција на Викторија.

Момчето е обвинето за повеќе прекршоци, вклучително и незаконско преземање контрола над авион, закана за бомба и поседување огнено оружје, се вели во полициското соопштение.

На тинејџерот одреден му е притвор додека не биде изведен пред судот за деца. На летот 610 на Џетстар Ервејс за Сиднеј се превезувале околу 150 луѓе и никој не е повреден.