Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 30 на 50 денари ќе поскапи паркингот во Клинички ако се потпише со новиот концесионер „Ѓока“ од Албанија

/

пред 587 дена

Сподели преку :

Откако беше обелоденето дека на повикот за јавно приватно партнерство е избран единствениот конкурент, компанијата Ѓока од Албанија, министерот за здравство вели дека цената на паркирањето ќе поскапи доколку на крај се потпише договорот распишан за 20-годишно стопанисување со паркингот во кругот на Клиничкиот Центар.

-Процедурата е помината, меѓутоа повторно треба да помине уште одредени филтри, коишто поминуваат во Влада. Јас не се разбирам во тоа, и да ми дадете портфолио, меѓутоа не е за 20 години, чисто да ви кажам. По физибилитетот е предвидено да биде за 20 години, меѓутоа во меѓувреме, имаме одлука на Влада дека паркингот може да се користи додека Клиничкиот центар е тука. Јас лично мислам дека Клиничкиот центар нема да биде тука повеќе од 7-8 години. Ние сме го ставиле и тоа како услов, дека додека е Клиничкиот тука, 5 години,6, 8, 9, 10 години, но лично мислам дека нема да остане овде повеќе од 7-8, еве речете 10 години. Нема да биде повеќе. Затоа интересот на компаниите беше мал, да беше за 20 години, сигурно ќе се јавеа – рече Таравари.

Цените за паркингот ќе биде 50 денари на час, а зголемувањето на цената (од 30 на 50 денари) Таравари го оправдува со тоа што цената одела на аукција и таа цена била понудена. Смета дека не е превисока за Скопје, и додава дека „тука имавме автомобили кои ги оставаа тука и после излегуваа во град“.

-Имајќи предвид и какви се цените мислам дека не е лоша. Најдобро е 0 денари да биде, ако најдете таков понудувач, одлично ќе биде. 50 денари мислам дека е пристојна цена, затоа што пред „Нова Македонија“ е 40 денари. Не е цена која е многу висока, таа беше дадена на аукција. Во Скопје има цени кои се 100 денари, 150 денари, вели Таравари.

Според договорот, кој се уште не е финализиран, компанијата треба да изгради и катна гаража во рок од 6 месеци до една година од преземањето на паркингот.

Следните 20 години албанската компанијата „Ѓока констракшн“ ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар