Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казни од 42.000 евра за трговци на мало и големо

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Државниот пазарен инспекторат следејќи ја одлуката на владата за ограничување на маржите и цените на производите при извршени контроли во периодот од 24. февруари до 6. март 2025 година во трговијата на мало и големо, откривале 36 неправилности при што исрекле платни налози за казни во вкупна вредност од 42.000 евра.

Инспекциите откриле непочитување на владините мерки кај осум правни субјекти, вклучувајќи трговци на мало и големо, аптеки и дистрибутери.

ДПИ најави продолжување на контролите и апелира до трговците да ги почитуваат законите, нагласувајќи дека глобите се движат од 500 до 10.000 евра, а може да се воведе и забрана за вршење дејност.

Од 1 мај се очекува разгледување на берзанските состојби и одредување на нови производи за ограничување на маржите.