Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија нема да испрати мировници во Украина

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Македонија не е подготвена да испрати војници во Украина, доколку таму се испраќа воена мировна мисија по постигнување мир.

Одлуката за неиспраќање на војници во Украина, високи извори од МНР брифираат дека е донесена од причина да не се дозволи безбедносен вакуум во регионот и фокусот да се насочи на комплексноста на поширокиот регион, односно на јакнење на јужното и источно крило на НАТО.

За тоа дали Македонија ќе продолжи воено да ја помага Украина, изворите од МНР брифираат дека допрва ќе се одлучува.

„На највисоко државно ниво ќе се решева дали ќе продолжи помошта за Украина“, брифираат извори од МНР.

За случувањата на глобалната политичка сцена и разидувањето на Вашингон и Брисел околу војната во Украина и начините како таму да се дојде до мир, од МНР велат дека имаат план во случај да не се постигне усогласен став и позиција меѓу нашиот стратешки партнер – САД и нашата стратешката цел – ЕУ, но не откриваат на чија страна во тој случај ќе ја застане земјава.

„Имаме план. Ја следиме ситуацијата, предвидуваме. Ако се поделат САД и ЕУ ќе одлучиме тогаш, може и да се промени ставот“, брифираат од МНР.

Воздржаното гласање на Македонија за резолуцијата на ЕУ во ОН, за постогнување мир во Украина, од МНР не сметаат дека значи разидување со Унијата и со нејзината надворешна и безбедносна политика, со која, како што велат, земјата е целосно усогласена.

Истовремено од таму наведуваат дека Македонија е усогласена и со својот стратешки партнер САД и оти земјава не може да се го менува ставот кон својот стратешки партнер со менување на администрацијата во Вашингтон.

За тоа дали воздржаното гласање за резолуцијата на САД во ОН, откако со интервенција на Генералното собрание Русија во неа беше посочена како агресор, значи дека Македонија не ја гледа Русија како агресор, од МНР наведуваат дека ставот на земјава е јасна.

„Русија има спроведено воена агресија, но е време за мир“, наведува високи извори од МНР.

Од МНР брифираат дека новата администрација во САД имаа стратешки интерес Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но не сакаат да коментираат дали за време на последната посета на државниот врв на Вашингтон добиле ветување за конкретна помош на тој план.

Сепак тие не отфрлаат дека е можна помош од САД за деблокада на процесот.

Во контекст на пристапувањето во ЕУ и добивање предвидливост на процесот, односно добивање јасна слика дека по уставните измени нема да има нови услови за земјава, од МНР брифираат дека сите дипломатски активности се насочени во тој правец, но оти засега такви гаранции не се добиени.

Од МНР најавуваат дека, доколку прифати бугарската страна, можно е наскоро да има нова средба на министрите за надворешни работи на двете земји.

Тамара Грнчароска