Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со „Сејф сити“ порано, имаше шминка, директорот на полицијата Јанев вели дека и сообраќајната култура е лоша откако само во март има 4 жртви во сообраќајот

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Многу казни, но сообраќајните жртви не се намалуваат

Во март загинаа 4-ца во сообраќајни несреќи, а неколку учесници во сообраќајот, возачи, пешак, велосипедист се тешко повредени. МВР пак го полни билтенот со наведување дека во зачестените сообраќајни контроли се напишани стотици казни.

Директорот на Бирото за јавна безбедност вели дека состојбата е лоша и зависи многу и од сообраќајната култура.

-Мора сите да ја промениме сообраќајната култура. Ние можеме да бидеме и на секоја точка, ако некој кој ќе ја помине сообраќајната патрола повторно вози како да нема ништо навистина е тажно за сите нас, за жал придонесува со тешки телесни несреќи, високи материјални штети и со жртви. Секако дека размислуваме за микс на мерки кои во иднина ќе ги применуваме, рече Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна бебзедност во МВР.

Системот Сејф сити ќе помогне, но ќе почне да се користи на почетокот на наредната година и после локалните избори.

Нема политика, вели директорот на полицијата Јанев туку треба да се изменат неколку закони за да може да се користи., не само во сообраќајот туку и за зголемена безбедност на улиците на Скопје и за спречување на инциденти. Тврди дека претходно со проектот Сејф сити имало само шминка.

-Станува збор за поголем проект за кој досега имало само шминка. Потребно е да се создадат сите предуслови за да профункционира системот, не би сакале да ставиме нешто во функциија, па макар како што спомнавте во политички контекст некои работи. Поентата е дека се треба да биде сетирано за да може да функционира правилно и индивидуално, за да не се доведеме во ситуација дека можеби не функционира како што треба од кој било аспект, изјави Јанев.

Најголем проблем останува честото кршење на сообраќајните правила, возењето без дозвола, но и лошата осветленост на улиците со што дополнително се намалува сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Миомир Серафиновиќ