Во првиот натпревар од третиот и завршен круг во домашниот фудбалски шампионат, Гостивар и АП Брера играа без победник 2:2
Домаќинот поведе со погодокот на Антонио Каланоски во 25. минута. Во втората минута од судиското надополнување во првиот дел Андреј Велков израмни на 1:1.
По седум минути игра во второто полувреме Мартин Ѓорѓиевски и носи предност на Брера од 2:1, а во 87-та Огужан Ајдоган го постави конечниот резултат.
ФОТО: Игор Паневски
















































