Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Разговори со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје, a не како замена за заштитата на САД

/

пред 589 дена

Сподели преку :

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување на нивното нуклеарно оружје во НАТО, но не како замена за американската нуклеарна заштита на Европа.

Споделувањето на нуклеарното оружје е прашање за кое треба да разговараме… заедно мора да станеме посилни во нуклеарното одвраќање, рече тој во интервју за радио Дојчландфунк.

Мерц нагласи дека треба да се разговара со двете земји, Франција и Британија, секогаш од перспектива на дополнување на американскиот нуклеарен штит.

Германија, поради своето минато од Втората светска војна, се обврза на ненуклеарен одбранбен систем во бројни меѓународни договори, но учествува во договорите за споделување на оружје во рамките на НАТО.

Сакаме европска солидарност… но и Германија, се разбира, исто така има право да ја брани сопствената безбедност и поредок, рече Мерц.

Тој повтори дека сака да ја формира владината коалиција до Велигден на 20 април.