Романската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на Калин Георгеску, популистичкиот кандидат поддржан од крајната десница кој победи на поништениот прв круг претседателски избори на 24 ноември минатата година.
Засега е нејасно врз кој основ Централната изборна комисија ја отфрлила кандидатурата на Георгеску, но минатиот месец обвинителството отвори истрага против него, сомничејќи го за подривање на уставниот поредок, поддршка на фашистички групи и лажирање на извештаите за финансирање на кампањата.
Георгески ги негира сите обвинувања и тврди дека е жртва на државен прогон.
Победата на Георгеску во првиот круг на претседателските избори беше големо изненадување, особено затоа што анкетите објавени непосредно пред изборите му предвидуваа едноцифрен процент на освоени гласови и беше сметан за аутсајдер во претседателската трка.
Герогеску исто така не никакви трошоци за кампањата, но подоцна се откри дека всушност Русија била таа која што ја водела неговата онлајн кампања.
Поради сите овие сознанија, Уставниот суд на само неколку денови пред вториот круг на 8 декември, донесе одлука за поништување на првиот круг, по што изборите беа одложени за 4 мај оваа година.











