Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Зошто Мицкоски и Таравари веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?

/

пред 591 дена

Сподели преку :

Изјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор, велат од опозициската СДСМ.

  • Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради? Тоа значи дека Клиничкиот центар ќе остане на истата локација. Зошто Таравари ја лаже јавноста и се обидува да ги ублажи критиките со вакви изјави? Ова јасно покажува дека тој добро знае дека договорот е штетен, но сака да помине што полесно во јавноста. Понатаму, дали Мицкоски намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели: „предвид ја земаме тендерската спецификација и, се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува“? Дали тоа значи дека, ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски не го отфрли веднаш, туку се двоуми? Дали и тој е дел од целата оваа зделка?, прашуваат од СДСМ.