Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан летово го продава Леао: Челси и Барселона почнуваат преговори

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Милан го загуби трпението со Рафаел Леао, кој никако да ја преземе улогата на лидер во тимот. Тој сезонава повеќе е на клупата за резервни играчи отколку во првиот тим и кај претходниот тренер Пауло Фонсека и кај актуелниот Серџо Консеисао.

Неговиот агент Жорге Мендеш наводно веќе ги контактирал Барселона и Челси, кои се најсериозни во намерата да го доведат Португалецот во своите редови.

Цената на Леао изнесува 80 милиони евра, а „росонерите“ идното лето се очекува да се ослободат и од Тео Ернандез, но и од голманот Мајк Мењон. Челниците на клубот ќе ги продадат најдобрите играчи со цел да соберат повеќе пари и да почнат реконструкција на играчкиот кадар без досегашните први ѕвезди.