Нафтен танкер и товарен брод се судрија претпладнево во Северното Море, во близина на југоисточниот брег на Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“, наведувајќи дека обемни спасувачки тимови се упатени на лице место. По судирот, избувнал пожар на танкерот. Неофицијално, станува збор за португалски товарен брод и американски танкер.
„Крајбрежната стража работи на спасување по судар меѓу танкер и товарен брод кај брегот на источен Јоркшир. На помош е повикан и спасувачки хеликоптер, како и чамци за спасување“, соопшти британската крајбрежна стража.
Засега не е познато дали има жртви во инцидентот.











