СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација.
Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави. Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен.
- Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство. Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова, рече Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ на денешната прес- конференција.
Според СДСМ ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција, кои се впрочем одлики на ДПМНЕ!











