Американците со насмевка, Украинците без никаква експресија на лицата. Делегации на Соединетите Американски Држави и на Украина, конечно, седнаа на преговарачка маса во луксузниот Риц Карлтон во Џеда на разговори за завршување на војната во Украина која трае повеќе од три години. Вашингтон го претставува државниот секретар Марк Рубио, во име на Киев ќе разговараат Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.
Изостанаа официјални изјави пред состанокот. Анонимни извори вклучени во процесот, за Асошиејтед прес рекоа дека украинската страна е подготвена да го потпише договорот за американски пристап до ретките минерали, на што, меѓудругото инсистираше претседателот Трамп. Но, да слушнат и на какви отстапки е подготвен Киев.
Во отсуство на изјави од Американците и Украинците, со порака пред денешната средба во Џеда се јавија Русите. Портпаролот на Кремљ изрази надеж дека Украина ќе покаже желба за мир.
Во саудискиот пристаништен град на Црвеното Море е и украинскиот претседател. Тој имаше средба со принцот Мохамед бин Салман со кого разговараа за напорите за постигнување на „одржлив, праведен и сеопфатен мир“ во Украина. Зеленски изрази оптимизам дека денешниот состанок со американската делегација ќе биде продуктивен и ќе донесе конкретни резултати.
Сашко Димовски











