Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратенички забелешки за партиска пристрасност – изгласана недоверба на пет судии од Судски совет

/

пред 589 дена

Сподели преку :

Мнозинството пратеници изгласаа недоверба на пет членови на Судскиот совет кои беа избрани од Собранието. Гласањето недоверба за Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Тања Чачарова-Илиевска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми дојде откако пратениците ги обвинија за неисполнување на своите надлежности, негрижа и нарушување на угледот на судиите, како и за партиска пристрасност која ја загрозува довербата на граѓаните во судскиот систем.

Особено се истакнаа наводните врски на некои од овие судии со претходната власт. Тања Чачарова-Илиевска беше обвинета за тоа што била дел од правниот тим на Социјалдемократската партија и што имала блиски врски со експремиерот Зоран Заев, додека Павлина Црвенковска беше обвинета за својата вклученост во партиските структури, особено за тоа што била шеф на кабинет на поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше претседател на СДСМ.

Претставниците на опозициската СДСМ, пак, одбија да учествуваат во дебатата и ја напуштија седницата. Тие изразија противење на овие интерпелации, сметајќи дека со нив се урива уставниот поредок на државата.

Од страна на ДУИ беше најавено дека и тие ќе поднесат интерпелации, но за судиите во Уставниот суд.

Иако изгласаната интерпелација не е обврзувачка и не значи автоматски дека судиите треба да си заминат од функциите, таа се интерпретира како јасна порака од Собранието дека органот што ги назначил веќе нема доверба во нив. Пратениците ги повикаат судиите на морална одговорност и очекуваат сами да си поднесат оставки.