Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

/

пред 571 дена

Сподели преку :

По одлуката на барање за притвор на Додик и неколку високи политички фигури во Репувлика Српска со став се огласи НАТО Алијансата нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.

„НАТО останува цврсто посветена на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина. Повикуваме на почитување на Дејтонскиот мировен договор. Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејствија што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението од Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на БиХ, се вели во текстот.