Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот за внатрешни работи на Република Српска: Никој нема да биде уапсен

/

пред 571 дена

Сподели преку :

По налогот на Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска, Милорад Додик се јави министерот за внатрешни работи на Република Српска Синиша Каран кој изјави дека никој нема да биде уапсен. Вакви налози се издадени и за премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Според дел од информациите кои ги споделуваат медиумите од регионот наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а обвинетите се товарат за кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Доколку, Додик, Вишковиќ и Стевандиќ, одбијат да бидат приведени, може да се распише потерница, а во случај да не бидат уапсени во државата, може да следува и потерница преку Интерпол.

Овој случај е дел од пошироките напори на БиХ да се осигура функционирањето на правните и институционалните структури на државата, особено поради неодамнешното донесување на закони во Република Српска кои ги оспоруваат надлежностите на Обвинителството на БиХ и Судот на БиХ, на територијата на Република Српска. Овие закони беа привремено суспендирани од Уставниот суд во земјата.

Извор на фотографија: Moја Херцеговина