Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пласидо Доминго во интервју за Телма: Со нетрпение го очекувам концертот во Македонија

/

пред 572 дена

Сподели преку :

Со нетрпение го очекувам претстојниот концерт во Македонија со оркестарот на Националната опера и балет, вели легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго во интервју за Телма.

Доминго е вториот од тројцата тенори кои настапиле во Македонија, доколку го имаме предвид настапот на Хозе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година.

Тој во интервју за Телма ги сподели и првите впечатоци по пристигнувањето во Скопје и првата проба.

-Да. Цело попладне ни траеше пробата, прекрасно беше, оркестарот е неверојатен, маестрото исто така, знаете дека одржувавме концерти низ Јужна Америка и оттогаш посетивме многу различни градови и имавме концерти, рече Пласидо Доминго, тенор и диригент.

-Таа е неверојатен сопран. Оркестарот е навистина неверојатен. Неверојатен. Бидејќи оркестрите вообичаено уживаат во својата
работа, кога се вели беспрекорно, но за вокалистите овој оркестар е исто толку добар и за концерт и за опера, бидејќи многу работат, многу опери, кажа Доминго во интервју за Телма.