Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Ноќ на улици и во автомобили – земјотрес во Неапол, повредено лице спасено од урнатини

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Многу жители на Неапол ја минаа ноќта на улица или во своите автомобили поради земјотреси. Италијанските сеизмолози објавија дека потрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 1:20 часот по полноќ на длабочина од три километри.

По најсилниот потрес, следувале уште два послаби. Забележани се луѓе како ги напуштаат своите домови и се собираат на улиците на Неапол. Веднаш е формиран центар за координација за спасување кој работи и на проценка на штетите. Повеќе училишта ќе бидат затворени денеска за да се провери статиката на објектите, објави „Кориере Дела Сера“.


Во делови од градот беше прекинато снабдувањето со електрична енергија. Во околниот град Поцуоли, недалеку од епицентарот на земјотресот, едно повредено лице било извлечено од делумно урната куќа.

Неапол се наоѓа на Флегријските полиња, вулкански базен поради кој подрачјето во јужна Италија е подложно на потреси.