Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кимих останува верен на Баерн Минхен

/

пред 570 дена

Сподели преку :

Џошуа Кимих по многу шпекулации за заминување, сепак го продолжи договорот со Баерн Минхен до јуни 2029 година.

Германецот дојде во Минхен во 2015 година од Штутгарт откако претходните две сезони ги мина на позајмица во Лајпциг. Изминатава речиси цела декада тој е незаменлив дел од почетната постава на Баварците и тоа на две позиции на теренот, како десен бек и како играч за врска.

Кимих досега има одиграно 429 натпревари за Баерн со постигнати 43 голови и 115 асистенции. Со германскиот гигант освои осум титули во Бундеслигата, една во Лигата на шампиони, три германски купови, шест супер купови, Светско клупско првенство и УЕФА Супер куп.