Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ислам Абази не бил во Македонија кога била акцијата за мазутот, Мицкоски обвинува, а обвинителите ги осудија изјавите кои „им задираат во интегритетот“

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски и натаму обвинува обвинител за шокантно однесување при истрагата за злоупотреби со набавките вредни над 160 милиони евра, во кои меѓу осомничените е и Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на ДУИ. Единствено, Јахоски не доби затворски притвор.

Мицкоски тврди дека еден обвинител е партиски измеќар, но не го именува и не кажува кого известил за своите сознанија.

-Јас сум сигурен дека вие, новинарите, точно знаете за кое име станува збор и очекувам тоа да биде во насловите на вашите соопштенија. На тој што му стоеја на ушка на една слика, одговори Мицкоски.  

По изјавата, реагираа обвинителите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и ги осудија сите изјави кои задираат во нивниот интегритет.

Заеднички преку реакција „ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и негираат било какво влијание или обид за влијание и од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во одговор на Телма пак, за изјавите на Мицкоски од ОЈО ГОКК повторија дека истрагата за злоупотребите со набавките на мазутот е отворена на почеток на 2024-та, кога била доставена иницијатива на Антикорупциската комисија.

Обвинителство веднаш издаде низа наредби по кои повеќе од една година  постапуваа​ единиците на МВР, стои во одговорот.

​-Обвинителството останува на ставот да не ги коментира изјавите на функционерите и други лица кои со кометари од различни побуди задираат во независноста на обвинителството. За Ваше информирање Ве известуваме дека во периодот на подготовка на акцијата, како и на денот на самата реализација на акцијата Основниот јавен обвинител Ислам Абази не беше во државата, па наводната реакција и некакво однесување што се пренесуваат во јавноста ги демантираме како неточни, одговорија од ОЈО ГОКК на прашањата на Телма.

Пред изјавата на Мицкоски, обвинителството веќе објави дека поднело жалба до судот од кој се бра да ги прифати нивните аргументи за затворски притвор за Асмир Јахоски, кој доби куќен притвор по што беше предизвикана огромна бура во јавноста.

Покрај Јахоски, осомничени, но во притвор се сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски и поранешниот  секторски директор во ЕСМ, Ардијан Муча. Во бегство веќе е екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

Истрагата е за злоупотреби со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино во висина од над 160 милиони евра, за наместени тендери и за перење на пари.

Миомир Серафиновиќ