Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српски телевизии објавија тајно снимени разговори со тврдење дека студенти и партиски активисти во сабота сакаат да предизвикаат граѓанска војна

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Вечерва повеќе српски телевизии објавија емисија на која според објаснувањето се слушаат политички активисти и студенти како разговараат за план на саботните протести да освојат државни објекти и зградата на националниот ТВ сервис РТС.

Аудио снимката трае околу два часа и најверојатно е направена на состанок во Нови Сад.

На неа се слуша како активистите разговараат за протестите и како да делуваат при различен развој на состојбата, доколку протестите се мирни, бидат напнати (на раб) или се насилни.

Владеачката коалиција и српскиот претседател Александар Вучиќ соопштија дека станува збор за обид за пуч и предизвикување на граѓанска војна. Најавија дека сите инволвирани во креирање на планот ќе бидат правно гонети и санкционирани.

Во сабота на 15-ти март, во Србија се организираат големи протести на српските студенти и незадоволни граѓани од владеењето на Вучиќ. Протестите почнаа во ноември по трагедијата во Нови Сад каде падна натстрешница на зградата пред Железничката станица и загинаа 15 луѓе.