Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската публика имаше можност да ужива во концертот на легендарниот Пласидо Доминго

/

пред 570 дена

Сподели преку :

Со изведба на дела од италијанската музичка литература, програма проткаена со шпанското музичко творештво и неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар, публиката имаше можност да ужива во концертот на легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго кој се одржа вечерва во арената „Борис Трајковски“.

Вистинско задоволство е да се настапи со оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Марчело Рота и сопранистката Марија Хозе Сири, рече Доминго во интервју за Телма.

Доминго е вториот од тројцата тенори кои настапиле во Македонија, доколку го имаме предвид настапот на Хозе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година.