Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер e домаќин на виртуелен самит на 26-те украинските сојузници каде се разговараше за идните безбедносни гаранции во случај на мировен договор и крај на војната во Украина.
Според британскиот премиер безбедносните гаранции се во „оперативна фаза“, при што воените лидери треба да се сретнат дополнително во Велика Британија.
„Мораме да продолжиме да се движиме напред, да продолжиме и да се подготвуваме за мир, мир кој ќе биде сигурен и кој ќе трае. Мислам дека тоа значи зајакнување на Украина за да можат да се одбранат, и зајакнување, во однос на воената способност, во однос на финансирањето, во делот на обезбедување натамошна поддршка од сите нас за Украина“ изјави Кир Стармер, британски премиер.
Според Даунинг стрит, од каде Стармер на виртуелен состанок разговара со 26те сојузници, вклучително со украинскиот лидер Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, и премиерката на Италија Џорџија Мелони, која истакна дека Италија нема намера да учествува во безбедносните гаранции за Украина. повторувајќи дека националното учество во евентуална воена сила на теренот не е предвидено“.
Трамп изјави дека преговорите со рускиот претседател се движат во добра насока, додавајќи дека Путин „ја почитува оваа земја“, додавајќи Украина е виновна за руската инвазија во 2022 година.
„Мислам дека ни оди добро. Како што слушнавте за Украина, мислам дека сега ни оди добро и со Русија. Разговараме со претседател Путин. Сакаме да ставиме крај на војната“ изјави Доналд Трамп, американски претседател.
Целта на самитот Европа да ги убеди САД „да ја гарантираат безбедноста на Украина во иднина“.
Претходно Путин постави услови за прекин на огнот во Украина, но со прашања кои допрва треба да се дефинираат. Зеленски го нарече неговиот одговор „манипулативен“ и дека рускиот претседател сака да го избегне примирјето.
Tea Димковска











