Пелистер како гостин го совлада Шкупи со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Александар Ристевски во 75. минута.
Битолчани освоија значајни три бода на гостувањето во Скопје и на пауза заминуваат со голема предност во однос на екипите кои се во долниот дел од табелата.
Успехот на Пелистер има уште поголемо значење ако се посочи фактот дека во 69. минута поради втор жолт картон предвреме во соблекувалната мораше да се пресели Захар Тарасенко.
ФОТО: Игор Паневски














































