Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНТ ги откажува сите изведби поради трагедијата во Кочани и ги отвора вратите за семејствата на повредените

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства, се вели во соопштението од театарот.
– Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, велат од МНТ.
Средствата од онлајн билетите ќе им бидат рефундирани системски на сите што ги купиле, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.
Македонскиот народен театар ги отвора вратите, во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.
–  На семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите, велат од театарот .
Поради несреќата со над 50 човечки животи и 150 повредени, откажан е вечерашниот стендап на комичарот Небојша Груиќ во Центарот за култура во Охрид, а како што известија и од Центарот за култура во Кичево, таму се откажува стендап настапот на актерите Тино и Атанас. Сретставата од продадените билети ќе бидат рефундирани.
Општината Штип, исто така ги откажа предвидените настани за утре и следниве денови .